Протестите на граѓаните пред влезот на фабриката „Пејпар мил“ во изминатите четири дена не ги дадоа посакуваните резултати. Малиот број на присутни граѓани како и не присуството на одговорните во општината беше една од причините денес во попладневните часови Иницијативната група на граѓани за борба против аерозагадувањето во Кочани да одржи работен состанок
Како што беше истакнато на состанокот, иницијативната група ќе работи на мобилизирање на граѓаните за да се постигне целта која беше зацртана уште пред најавата на протестите.
Граѓаните кои подолг период не се задоволни од односот на менаџерскиот тим кон населението, не бараат затворање на фабриката, туку при работењето на фабриката да се користи метан а не пелети од различен состав.
Протестите пред влезот на фабриката ќе продолжат и следната седмица, поточно од Понеделник до петок во истиот термин од 16 до 18 часот.
С. Ивановски