ГРАЃАНСКА РЕАКЦИЈА, И ПОКРАЈ СИТЕ НАПИСИ СМЕТОТ НЕ СЕ СОБИРА

февруари 3, 2025
0 минути

Група граѓани реагираат за  ненавременото собирање на сметот на Градскиот пазар како и на улиците „Борис Трајковски“ и „Гоце Делчев“ . Како што истакнуваат нивните реакции што беа објавени кај нас од 20 и 21 Јануари не ги дале посакуваните резултати па сега се јавуваат со нов допис во кој се вели:

„Здраво, пред извесно време реагиравме до вас како најчитан медиум поради тоа што не се изнесува ѓубрето на градскиот пазар и на улиците “Гоце Делчев” и “Борис Трајковски”. Нашата реакција не стигна до надлежните. Цел месец не е соберено ѓубрето од градскиот пазар и од улиците “Гоце Делчев” и “Борис Трајковски”. Иако реагиравме, никој не дојде да го собере ѓубрето од улиците и јавните површини, а ѓубрето од домовите на граѓаните во месец јануари е земено само еднаш. Ви испраќаме слики од градскиот пазар и контењерот таму кој е преполн, бидејќи не е испразнет долго време, пазарџиите го фрлаат ѓубрето до контењерот и е направена дива депонија од која се шири неподнослива миризба. Кантите околу градскиот пазар се преполни, а ѓубре има и пред општинската зграда. Кантите на улиците “Гоце Делчев” и “Борис Трајковски” се преполни и граѓаните се приморани да го оставаат ѓубрето до нив. Од оставеното ѓубре не може да се движат луѓето по троатарите кои не се изметени кој знае од кога. Очекуваме дека овој пат нашата реакција преку вашиот портал, медиум ќе биде видена од надлежните и конечно ѓубрето ќе биде соберено“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ