ГЛУПОЌАТА НЕМА ГРАНИЦИ, СО КОГО СЕ ЖИВЕЕМЕ?

август 1, 2022
1 минути

Сликите ги добивме пред малку а направени се во централното градско подрачје, поточно на улицата „Кеј на Револуцијата“ неколку метри  пред „ТТК Банка“.

Со фрлање на смет поточно на се она дома што му сметало во предвечерието на големиот Македонски празник „Илинден“ само покажува каков му е металниот склоп на оној што ова го направил.

И што сега, сега ќе фрламе дрвја и камења кон комуналното претпријатие зошто не работи нон-стоп и на ваквите забегани наши сограѓани не им го собира расфрланиот смет во секоја минута од деноноќието.

Не веруваме дека некој овој  наш сограѓанин без чувство и осет не го видел. а ако навистина го видел и го прекрива неговиот идентитет, тој е негов соучесник.

С. Ивановски