ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ ПОКАНУВА НА КОНЦЕРТ ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

јуни 4, 2023
1 минути

По повод Патрониот празник на училиштето, утре (Понеделник) во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани организира концерт.

Цитирајќи го Бертолд Авербах организаторите на концертот порачаа: „Музиката е единствениот светски јазик, не треба да се преведува. Душата зборува со душата во неа. Нашите души ќе зборуваат за Вас на концертот по повод Патрониот празник на нашето училиште“.

Концертот е закажан за во 19:00 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ