Светскиот ден на извидниците е потсетник дека со заедништво и добра воља можеме да создадеме „Подобар свет“ кое воедно е и мото на извидниците.

На 22 февруари, во чест на роденденот на основачот на извидничкото движење, Роберт Баден Пауел, милиони извидници ширум светот се обединуваат и ја негуваат идејата за пријателство и солидарност кон заедницата и природата.

Извидништвото ги учи младите на одговорност, тимска работа и почит кон природата и ги предизвикува на различни активности и предизвици.

Оваа година ИО„ Ластовица “ од Кочани овој ден го одбележа со дневен хајк во природа на „Исарот“ во Штип како верни љубители на природата , но и со предизвик да се искачиме повисоко на Вештачката карпа исто така во Штип. Љубовта кон природата и чуството за адреналин и возбудата за височини кај младите извидници беше очигледна.

Ио „Ластовица“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
