ИО „ЛАСТОВИЦА“ НА ЛЕТЕН КАМП „ОХРИД 2024“

јули 8, 2024
0 минути

Успешно завршен уште еден летен извиднички камп „Охрид 2024“. И овојпат на кампот присуствуваа и со многу активности учествуваа иизвидниците од извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани.

Кампот траеше од 1 до 7 јули. Откако беа сместени во шаторите,  извидниците започнаа со  активностите т.н. летни СИМски Олимписки игри, Спортските игри и Обуките на изучување на нови вештини. Активно учество имавме и на шоуто „Имам талент“, во кое освојувавме максимален број бодови. Во играта на предизвици „Невозможна мисија“ покажавме дека за нас ништо не е невозможно,  одговоривме на многуте предизвици и бевме единстениот одред кој успеа да одговори на сите поставени предизвици. На крај извидниците полагаа за изучените вештини.  Најуспешни во вештарствата беа Мелани Манасиева, Лана Манасиева и Софија Гоцева кои го положија испитот по  Врзување јазли и нивна намена.

Покрај новите вештини и знаења во неформално образование, учесниците на кампот стекнаа и нови пријателства со извидници од нашата држава и заминаа  со  многу впечатоци и емоции.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ