ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И СЕ ЗДОБИЛ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ

мај 7, 2023
1 минути

На 07.05.2023 околу 01.35 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Зрновци – Кочани, на крстосница „Компосара“, патничко возило „Фиат“ без регистарски ознаки, управувано од Д.А.(21) од с.Грдовци, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.А., констатирани во Општа болница Кочани. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ