ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ЖЕНИ, КОЧАНЧАНКИ СИ ОСТАНАА НА ДНОТО

Во Спорт
мај 7, 2023
1 минути

Се одиграа натпреварите од 18-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени, во кое фаворитите забележаа победи а единствено натпреварот во Струга кој и беше дерби на колото не даде победник.

Во Кочани истата приказна се репризира по кој знае кој пат годинава. Кочанчанки загубија со 1:8 но ако на голот ја немаа расположената Христина Геговска разликата во полза на гостите ќе беше драстично голема.

За жал овој натпревар покажа дека „Кочани“ како клуб на сите нивоа паѓа се подолу и подолу. Чудно ама вистинито за малкуте љубители што беа на стадионот „Никола Мантов“, натпреварот наместо да започне со една минута молчење со што би се оддала почит кон починатата фудбалска легенда на Кочани Славе Симеонов Пикалски, тој си започна како и сите претходни што внесе малку гнев кај вистинските љубители на фудбалот во Кочани. Но тоа е така со спортската култура на малите клубовите кои никогаш не може да пораснат и нивно нека си е.

Како и да со овој пораз „Кочани“ и понатака е на последното место на табелата и доколку не се случат некои резултати во последните четири кола што ќе им одговараат на кочанчанки од следната сезона пак би се преселиле во Втората Фудбалска Лига.

Резултати од 18-тото коло:

„Кочани“ – „СЦ Истатов“  1:8

„Ас Јунајтед“ – „Деспина“  2:2

„Речица“ – „Скопје 2014“  0:3

„Тиверија“ – „Шкендија“  10:0

„Каменица Саса“ – „Борец“  12:0

Слободна беше екипата на „Љуботен“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ