екологија

СВЕТСКИОТ  ДЕН  НА  ЧИСТОТАТА  ОДБЕЛЕЖАН  СО  ПОВЕЌЕ  ЕКОЛОШКИ  АКЦИИ

СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЧИСТОТАТА ОДБЕЛЕЖАН СО ПОВЕЌЕ ЕКОЛОШКИ АКЦИИ

По повод 17 Септември, Светскиот ден на чистење на планетата, Општина Кочани се приклучи на глобалната акција со спроведување неколку еколошки акции во градот. Утрово групи ученици од основните училишта „Раде Кратовче“ и „Никола Карев“ организираа еколошки акции со расчистување на своите училишни дворови. Во одбележување на овој ден се вклучија и екипи на КЈП…

КОЛЕКТОРСКО  ПОВРЗУВАЊЕ  НА  КАНАЛИЗАЦИОНАТА  МРЕЖА  ОД  С.  ТРКАЊЕ  СО  ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА  СТАНИЦА

КОЛЕКТОРСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА КАНАЛИЗАЦИОНАТА МРЕЖА ОД С. ТРКАЊЕ СО ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА

Деновиве се врши поголем зафат на градежна работна активност, изградба на колекторско поврзување на канализационата мрежа од с. Тркање до Пречистителната станица со бушење под железничката пруга и пристапниот пат. Станува збор за канализациона мрежа во село Тркање, проект со кој се реши долгогодишен проблем со канализацијата во с. Тркање. Должината на колекторот е околу…

КОЧАНСКА  РЕКА  СО  НАМАЛЕНА  КОЛИЧИНА  ВОДА,  РИБИТЕ  ОСТАНУВААТ  РЕЧИСИ  НА  СУВО

КОЧАНСКА РЕКА СО НАМАЛЕНА КОЛИЧИНА ВОДА, РИБИТЕ ОСТАНУВААТ РЕЧИСИ НА СУВО

Намалената количина но вода во Кочанска река предизвика многу риби да останат заробено на суво. Особено оваа појава е забележана во долниот тек на градот, поточно од „Железнички мост“ па надолу. Дознаваме дека една од причините е што на 5 и 6 Септември  завршува сезоната за наводнување па водата која доваѓаше по каналот од Калиманска…

ЗА  ВРЕМЕ  НА  ВИКЕНДОТ  РЕАЛИЗИРАНИ  ПОВЕЌЕ  АКЦИИ  ЗА  РАСЧИСТУВАЊЕ

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ РЕАЛИЗИРАНИ ПОВЕЌЕ АКЦИИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ

За време на викендот беа спроведени повеќе акциски расчистувања на повеќе локации во градот. Благодарност до Доброволната планинска спасителска служба Осогово – Кочани и Дирекцијата за заштита и спасување коишто се отповикаа на повикот од страна на градоначалникот и придонесоа при расчистувањето на влезот на градот Кочани од двете страни, од подвозникот до бензиската пумпа…

ПРОДОЛЖУВА  РЕАЛИЗАЦИЈАТА  НА  ПРОЕКТОТ  ЈАВНИ  РАБОТИ,  МЕРКА  6

ПРОДОЛЖУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ЈАВНИ РАБОТИ, МЕРКА 6

Во склоп на извршувањето на работните активности на прокетот Јавни работи, мерка 6, продолжува комуналното и хортикултурното уредување на повеќе локации во градот. Во моментот се уредуваат тротоарските површини на улица „Евлија Челебија“ и тротоарот на магистралниот пат Кочани – Пониква кој се протега кон с. Бели. Просторното уредување продолжува и во наредните денови на…

СПРОВЕДЕНА  ВТОРАТА  ФАЗА  ОД  ПРЕВЕНТИВНОТО  ТЕРЕСТИЧКО  И  АВИО  ТРЕТИРАЊЕ  ПРОТИВ  КОМАРЦИ

СПРОВЕДЕНА ВТОРАТА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНОТО ТЕРЕСТИЧКО И АВИО ТРЕТИРАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Во текот на синоќешните и денешните рани утрински часови беа спроведени двете превентивни прскања и третирања за заштита од комарци. Синоќа, 18.07.2022 година во вечерните часови стручна екипа на Лиса Ком МС Дооел Кавадарци ја спроведе втората фаза од превентивното терестичко прскање третирање за заштита од комарци. Беа опфатени селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни…

НА  18  И  19  ЈУЛИ  –  ТРЕТМАН  ЗА  ЗАШТИТА  ОД  КОМАРЦИ  ВО  КОЧАНСКО

НА 18 И 19 ЈУЛИ – ТРЕТМАН ЗА ЗАШТИТА ОД КОМАРЦИ ВО КОЧАНСКО

Се известуваат граѓаните и институциите дека во понеделник, 18.07.2022 година во вечерните часови стручна екипа на Лиса Ком МС Дооел Кавадарци ќе ја спроведе втората фаза од превентивното терестичко прскање третирање за заштита од комарци. Ќе бидат опфатени селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Во вторник, 19.07.2022 година во раните…

ДОУРЕДУВАЊЕ  НА  ГРАДСКИОТ  ПАРК

ДОУРЕДУВАЊЕ НА ГРАДСКИОТ ПАРК

Денеска од страна на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ и Општина Кочани во Градскиот Парк беа поставени дел од новите содржини, односно 15 клупи, 20 корпи за отпадоци и 10 седалки покрај кејот на Кочанска Река. Во наредниот период кој следува просторот во Градскиот Парк ќе биде збогатен со дополнителни нови содржини. Општина  Кочани

ТППЕ  КОЧАНИ  ДОБИ  ДОНАЦИЈА  ОД  АМБАСАДАТА  НА  НАРОДНА  РЕПУБЛИКА  КИНА

ТППЕ КОЧАНИ ДОБИ ДОНАЦИЈА ОД АМБАСАДАТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА

Деновиве Територијалната противпожарна единица Кочани прими донација обезбедена од финансиски средства од Амбасадата на Народна Република Кина. Станува збор за уред апарати за комуникација – рачна радио станица VHF 5W DMR сет сотавен од радиостаница, антена, брз полнач, адаптер, штипка за појас, слушалка со микрофон и PTT тастер. Донацијата е во вредност од 300.000 денари.

ТРИ  НЕДЕЛИ  ПО  РЕШЕНИЕТО  ОД  ИНСПЕКТОРАТОТ,  ФАБРИКАТА  „ПЕЈПР МИЛ“  ГО  ПРЕКИНА  ПРОИЗВОДСТВОТО

ТРИ НЕДЕЛИ ПО РЕШЕНИЕТО ОД ИНСПЕКТОРАТОТ, ФАБРИКАТА „ПЕЈПР МИЛ“ ГО ПРЕКИНА ПРОИЗВОДСТВОТО

Фабриката за хартија „Пејпр мил“ од Кочани го прекина производствениот процес, откако пред три недели Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) издаде задолжение да продолжи со работа со користење на вториот котел кај кој како енергенс се употребува природен гас – метан. По запирањето на производството од фабричкиот оџак не излегува чад, а за кој…