Економија
ИО „ЛАСТОВИЦА“ ГИ ЗАПОЧНА ПРОЛЕТНИТЕ АКТИВНОСТИ
Денес ИО „Ластовица“ од Кочани организираше еднодневна извидничка акција со што ја започна сезоната на пролетни активност. Активностите се одржаа во м.в. Дабот во близина на село Бели до каде извидниците пристигнаа по пешачење од 1 час. За жал сликата што таму ја затекнаа не беше ни малку пријатна, па со мала еко-акција се обидоа…
АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „ХРИСТИЈАН КАРПОШ“ ВО ОРИЗАРИ
Започна асфалтирањето на улицата „Христијан Карпош“ во Оризари, во должина од 143 метри и ширина од 4,5 метри. Станува збор за асфалтирање на улица на која претходно беше извршено тампонирање и беше поставена решетка за атмосферски води. Вкупната вредност за асфалтирање на улицата изнесува 1.255.000 денари. Општина Кочани
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА НОВ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „РОЗА ПЕТРОВА“
По завршувањето на реконструкцијата на дел од улицата „Роза Петрова“ со крак, паркиралиште и тротоар, деновиве продолжи реконструкцијата на нов дел од улицата „Роза Петрова“, со протегање од улица „554“ до спој со крстосување со улица „Ристо Симеонов“ дел 1. Реконструкцијата се реализира со проект финансиран од преостанати средства од кредит на Светска Банка преку…
ОПШТИНА КОЧАНИ ЌЕ ФОРМИРА ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
Општина Кочани ќе почне постапка за формирање ново јавно претпријатие чија задача ќе биде набавка на електрична енергија, изградба и одржување на јавното осветлување и сервисирање на електричната мрежа за уличното осветлување на подрачјето градот и другите населени места. Согласност за одлуката даде и општинскиот Совет на денешната седница, при што се предлага основач и…
IQOS ЌЕ СЕ ПРОДАВА НА НОВА ПРОДАЖНА ЛОКАЦИЈА ВО КОЧАНИ
IQOS, револуционерниот електричен уред за загревање на тутунот кој претставува подобра алтернатива на цигарите, ќе може да се најде кај новиот продажен партнер во Кочани – „Премиум Тобако“. Новата продажна локација се наоѓа во центарот на Кочани, поточно на ул. Маршал Тито бр. 45. Освен во Кочани, овој уред е достапен во главниот град Скопје,…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „РОЗА ПЕТРОВА“
Ве известуваме дека во периодот од 26.04.2022 година до 26.08.2022 година ќе се изведуваат градежни работи на локацијата дел од улица „Роза Петрова“ за реализација на проектот реконструкција на дел од улица „Роза Петрова“, MSIP2-NCB-041-22. Работите ги изведува фирмата Друштво за производство, услуги и трговија увоз-извоз ВЕ-ГРУПА ДООЕЛ Радовиш, а инвеститор е Општина Кочани. Овој проект се реализира со (договорот за под-заем бр.16 од 20.08.2019 година…
РЕКОНСТРУИРАНИОТ ГЛАВЕН ПОТИСЕН ЦЕВКОВОД ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА
Денес и официјално во употреба беше пуштен реконструираниот главен потисен цевковод кој е дел од водосистемот на КЈП „Водовод“ – Кочани и е во должина од 2,2 километри со вредност од 44,5 милиони денари а е лоциран во Бунарскиот систем на КЈП „Водовод“ во „Грдовски орман“. На чинот на свеченото пуштање во употреба освен Градоначалникот…
ВО НЕКОГАШНИОТ „ЈУГОТУТУН, ЌЕ СЕ ГРАДИ ЛИ БАЊОЛОШКИ ЦЕНТАР?
Во тек се подготовките за реновирање на зградата на некогашниот „Југотутун“ во Кочани. Извадена е веќе комплетната столарија (врати и прозорци) што навестува дека зградата ќе се реновира и дека некој моќник ќе гради нешто ново. Кружат приказни дека компанијата „КАМ“ ќе гради магацини во старата зграда, а дека е планирано во тој круг изградба…
ОДРЖАНА ЕДНОДНЕВНА ИНФОРМАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ИПАРД 3 ПРОГРАМАТА
Во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа еднодневна информативна работилница за ИПАРД 3 програмата за рурален развој на која беа презентирани мерките за финансирање на проекти од ИПАРД програмата. На работилницата беше презентирана третата ИПАРД програмa преку која може да се финансираат инвестиции на земјоделските стопанства за подобрување на материјални средства во инвестиции во објекти…
ИЗВРШЕНО ПРЕСПОЈУВАЊЕ НА ПРВИОТ РЕКОНСТРУИРАН ДЕЛ НА ГЛАВНИОТ ЦЕВКОВОД
По вчерашниот повеќечасовен прекин на водоснабдувањето низ територијата на целата општина, извршено е преспојување на првиот реконструиран дел на главниот цевковод во близина на бунарскиот систем кај главната пумпна станица ,,Грдовски орман“. Извршената замена на главниот потисен цевковод опфаќа реконструкција од Грдовски орман до Клучка 1, во должина од 2.200 метри. Реализацијата на овој проект…
