Локална
АМБАСАДОРКАТА НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Во официјална посета на Општина Кочани престојуваше амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, придружувана од советничката Ана Вучиќ. Тие остварија средба со градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов. На средбата се разговараше за актуелните состојби во општината, со посебен осврт на настаните по пожарот во дискотеката „Пулс“. Беа разгледани можностите за поддршка и соработка во надминување…
ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ДОНАЦИЈА НА ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО
Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и полковник Јиржи Фојтик, директор на средното и вишото стручно училиште за противпожарна заштита во Чешка, денеска го потпишаа договорот за донација на противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица – Кочани. Чешката делегација беше предводена од амбасадорот Јерослав Лудва, а на потпишувањето на договорот присуствуваше и министерот за внатрешни…
РОМАНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Амбасадорката на Романија, Моника Аксинте и делегација предводена од д-р Раед Арафат, државен секретар за цивилна заштита во Министерството за внатрешни работи на Романија, денеска ја посетија Општина Кочани и остварија средба со градоначалникот Владко Грозданов. Главната цел на посетата беше споделување на искуствата на Романија во справувањето со вонредни ситуации, а особено со пожарите…
ГРАДЕЖНИ ИНТЕРВЕНЦИИ НА ОШТЕТЕНИ СООБРАЌАЈНИЦИ
Општина Кочани спроведува градежни интервенции на повеќе раскопани и тешко проодни делови од сообраќајници и тротоари во градот, со цел да се подобрат условите за движење и безбедноста и на граѓаните. Бетонирани се оштетени делови на улиците „Иван Иванов-Балашо“, „Крум Вранински“, „Мородвиска епископија“ и „Вера Которка“, каде што поради претходни интервенции и временски влијанија беше…
АМБАСАДОРОТ НА ПОЛСКА МАРИУШ БРИМОРА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Мариуш Бримора, денеска ја посети Општина Кочани, при што оствари официјална средба со градоначалникот Владко Грозданов. На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби и развојните потенцијали на Кочани, како и можностите за унапредување на соработката меѓу Општина Кочани и институции, организации и компании од Република Полска….
ОПШТИНА КОЧАНИ И „ПЕГАЗ-ЕДУ“ ВОСПОСТАВИЈА СОРАБОТКА ЗА ЕДУКАЦИЈА И ОБУКА ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ
Општина Кочани и Центарот за обука и едукација за заштита од пожари „Пегаз-еду“ од Битола воспоставија меѓусебна соработка со цел да се унапреди едукацијата, заштитата и превенцијата на населението од пожари, како и за стручно усовршување на пожарникарските служби. Договорот за соработка денеска го потпишаа градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и претседателот на Центарот…
ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА КОЧАНИ НА ФЕСТИВАЛОТ „СУРВА“ ВО ПЕТРИЧ (РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА)
Делегација од Општина Кочани присуствуваше на XXXII Меѓународен фестивал на маскарадните игри „Сурва“, во Општина Перник, Република Бугарија. Овој реномиран фестивал годинава одбележува 60 години од своето постоење и претставува еден од најголемите и најпрепознатливи културни настани од ваков вид во регионот. Во рамки на фестивалската програма, градоначалникот на Кочани Владко Грозданов оствари средби со…
АМБАСАДОРКАТА НА ГЕРМАНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПЕТРА ДРЕКСЛЕР ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Германската амбасадорка Петра Дрекслер, денеска ја посети Општина Кочани, каде што оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов. На средбата се разговараше за актуелната состојба во Кочани, во пресрет на годишнината од трагичниот пожар во објектот „Пулс“, како и за тековните активности на Општината, предизвиците и можностите за понатамошен развој. Градоначалникот Грозданов ја информираше амбасадорката за…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ НА СРЕДБА СО СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ПИЦЕРИИТЕ ВО ГТЦ
Градоначалникот Владко Грозданов и претставници на Одделението за урбанизам од Општина Кочани остварија средба со сопствениците на пицериите од Трговскиот центар блок А, со цел да најдат најсоодветно решение за проблемот со бесправно изградените монтажни објекти на терасата од источната страна на овој блок. Градоначалникот Грозданов потсети на реакциите на станарите од Трговскиот центар блок…
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КОМИСИЈАТА НА АЕК, ОРЦЕ СИМОВ
Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов оствари работна средба со претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации Орце Симов. На средбата се разговараше за можностите за унапредување на дигиталната трансформација во локалната самоуправа, зајакнување на сајбер-безбедноста, како и за реализирани и потенцијални донации во Кочани. Посебен акцент беше ставен на дигитализацијата на административните…
