Локална
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПАПАЗОВ ОРГАНИЗИРАШЕ ПРИЕМ ЗА ФОЛКЛОРНИТЕ АНСАМБЛИ, ГОСТИ НА ОРИЗАРИ
Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари по повод верскиот празник Ѓурѓовден и оваа година ќе го одржи традиционалниот Меѓународен Фолклорен фестивал „Традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“. По тој повод гостите претставници на фолклорни ансамбли од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија денеска имаа прием кај градоначалникот Љупчо Папазов. Активностите во склоп на фестивалот…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ СО ЧЕСТИТКА ЗА РАМАЗАН БАЈРАМ
Во пресрет на Рамазан бајрам, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед. – На сите верници од исламска вероисповед им го честитам големиот верски празник Рамазан бајрам. Празникот на братската љубов и на хуманизмот нека нѐ учи сите дека верската различност треба да биде мост за зближување, за подобро…
ПОСЕТА НА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА
При посетата на неколку општини во Источниот Регион, техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски во придружба на градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ја посети и новата детска градинка во населбата Драчевик во Кочани, каде што се одвиваат градежни работи за поправка на настанатите дефекти. Техничкиот министер истакна дека е општ впечатокот…
ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ 8. АПРИЛ
По повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов упати честитка до сите припадници на ромската заедница, во која се вели: „Почитувани сограѓани, Во мое име и во име на општинската администрација на Општина Кочани, Ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Со својата традиција и културни специфики,…
ОД ПОНЕДЕЛНИК ЗАПОЧНУВА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 8. АПРИЛ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ
Општина Кочани во соработка со граѓански организации ја подготви програмата за одбележување на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. По повод празникот, в понеделник, ќе биде подигнато ромското знаме на јарболот пред општинската зграда, а градоначалникот Љупчо Папазов организира прием на претставници од ромскиот невладин сектор и соработници кои даваат континуирана поддршка во актуализирањето…
ОПШТИНА КОЧАНИ И КПС „ОСОГОВСКИ ОРЕЛ“ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
Во пресрет на реализацијата на општинските програмски активности, денеска градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и претседателот на неодамна формираниот Клуб за планинарски спортови „Осоговски орел“, Гоце Тошев, потпишаа меморандум за соработка. Документот ги дефинира формите на соработка, меѓу кои се: организирање акции и натпревари во различни дисциплини; грижа за заштитата на животната средина; развој…
ОПШТИНА КОЧАНИ И НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ ОРГАНИЗИРААТ ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД ЖЕНИ ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ
Под наслов „Инфинити“, Општина Кочани и Центарот за култура „Бели мугри“ организираат групна изложба на ликовни дела од жени уметници, за што упатија повик за учество на авторки од Кочани, Штип, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево. Заинтересираните академски уметници или уметници со реализирани најмалку две самостојни изложби може да се претстават со две дела на слободна…
ПРОДОЛЖУВА СУБВЕНЦИОНИРАНИОТ ОПШТИНСКИ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ ВО КОЧАНИ
По спроведената постапка за јавна набавка, Општина Кочани го продолжува организирањето општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Кочани. Превозот на релацијата: Оризари – Усова Чешма, Бавчалук, спој на улицата „Бел камен“ со „Страша Ербапче“ – Лесна индустрија ќе го реализира „Тасим компанија“ од Оризари. Превезувањето се реализира четирипати во текот на денот,…
ОПШТИНА КОЧАНИ РАСПИША ПОВТОРЕН ОГЛАС ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ХЕПЕНИНЗИ ВО ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА
Општина Кочани распиша повторен оглас за организирање Велигденски и Петровденски хепенинг, по пат на јавно наддавање, настани што по повод празниците ќе се одржат во Паркот на Револуцијата, во периодот од 2 до 8 мај и од 8 до 14 јули 2024 година. Комисијата за организирање на овие настани повторно ги повикува заинтересираните правни субјекти…
ОПШТИНА КОЧАНИ И „МАКПЕТРОЛ“ ВО КАМПАЊА ПРОТИВ ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и директорката и членка на Управниот одбор во „Макпетрол“, Марија Јосифовска-Спасовска денеска го потпишаа меморандумот за соработка, со што Општина Кочани ќе биде вклучена во општествено одговорната кампања, преку која „Макпетрол“ дава придонес во решавањето на проблемот со врсничкото насилство. Во рамките на оваа кампања, учениците кои посетуваат настава…
