Локална

НА  10  ДЕКЕМВРИ  –  ЈАВНА  РАСПРАВА  ПО  НАЦРТ-БУЏЕТОТ  НА  ОПШТИНА  КОЧАНИ  ЗА  2022  ГОДИНА

НА 10 ДЕКЕМВРИ – ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ-БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА 2022 ГОДИНА

Согласно одредбите од Законот за локалната самоуправа и Законот за буџет, Општина Кочани организира јавна расправа по програмите и нацрт-буџетот за 2022 година. Граѓаните ќе можат да расправаат и да даваат предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко (урбано и рурално) планирање и уредување на просторот и уредување на градежното земјиште; заштита…

РАСПИШАН  ЈАВНИОТ  ПОВИК  ЗА  ЧЛЕНОВИ  НА  МЛАДИНСКИОТ   СОВЕТ  НА  ОПШТИНА  КОЧАНИ

РАСПИШАН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА МЛАДИНСКИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

По одржаната трета седница на Локалното собрание на млади на Општина Кочани на 26 ноември 2021 година, од страна на членовите на Собранието, беше изгласано повторно распишување на јавниот повик за пријавување членови на Младинскиот совет на Општина Кочани, заради недоволен број номинирани кандидати на претходно распишаниот јавен повик во месец јули годинава. Новораспишаниот јавен…

ОДРЖАНА ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

ОДРЖАНА ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Локалното собрание на млади на Општина Кочани, денеска во салата за состаноци на Општина Кочани ја одржа третата седница. Поради тоа што на претходниот јавен повик кој беше распишан на 01.07.2021 година и траеше 15 дена од денот на распишување немаше доставено доволен број пријави, т.е. доволен број номинирани кандидати за членови на младинскиот совет,…

ИЗВЕСТУВАЊЕ  ОД  ОПШТИНА  КОЧАНИ  ЗА  ОБНОВУВАЊЕТО  НА  ХОРИЗОНТАЛНАТА  СИГНАЛИЗАЦИЈА  ВО  КОЧАНИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА ОБНОВУВАЊЕТО НА ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА ВО КОЧАНИ

Почитувани, Обновувањето на хоризонталната сигнализација пред почетокот на овогодишната учебна година не е реализирано заради одолговлекување и некомуницирање од страна на избраниот изведувач „Валаски градба“ ДООЕЛ с. Злеово, Радовиш. Имено, Општина Кочани согласно законските регулативи и оперативните планови од Програма за улици и патишта благовремено објави тендерска набавка. По тендерската објава се јавија три економски…

УСВОЕНИ РАЗВОЈНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА 2022 ГОДИНА, ИЗГЛАСАН РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

УСВОЕНИ РАЗВОЈНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА 2022 ГОДИНА, ИЗГЛАСАН РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Советот на Општина Кочани на втората редовна седница ги усвои новите развојни програми за претстојната 2022 година. Според Програмата за уредување на градежно земјиште, во 2022 година ќе се наменат 39.700.000 денари за изградба на објекти од комунална инфраструктура со кои ќе се обезбеди непречен  пристап  до  градежната парцела од јавен пат и ќе се…

ОПШТИНА  КОЧАНИ  РАСПИША  КОНКУРС  ЗА  30  СТУДЕНТСКИ  СТИПЕНДИИ  ЗА  2021/2022  ГОДИНА

ОПШТИНА КОЧАНИ РАСПИША КОНКУРС ЗА 30 СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ ЗА 2021/2022 ГОДИНА

Општина  Кочани го распиша конкурсот за доделување 30 стипендии за студенти од јавните високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2021/2022 година. Од триесетте, најмногу пет ќе бидат наменети за студенти од ромската етничка заедница, десет за студенти од социјално загрозени семејства, најмногу пет стипендии за студенти запишани на факултети за медицински науки, а останатите стипендии за…

ОДРЖАНА  КОНСТИТУТИВНАТА  СЕДНИЦА  НА  СОВЕТОТ  НА  ОПШТИНА  КОЧАНИ  –  Д-Р  ЛАЗО  МИТЕВ  ПРЕТСЕДАВАЧ

ОДРЖАНА КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ – Д-Р ЛАЗО МИТЕВ ПРЕТСЕДАВАЧ

Советот на Општина Кочани денеска ја одржа првата конститутивна седница, на која беа верификувани мандатите на деветнаесетте нови членови, а за претседател, со десет гласа „за“, беше избран Лазо Митев. „Ви посакувам успешна работа и очекувам при донесувањето на одлуките да се раководите од јавниот интерес, а не од личните и партиските интереси“ истакна во…

ПРЕНАСОЧУВАЊЕ  НА  СООБРАЌАЈОТ

ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ

Поради изведување градежни работи на експресниот пат Штип – Кочани, од 12 до 14 ноември 2021 г., сообраќајот на делницата од магистралниот пат А3, од Компостарата до Подлошката крстосница, ќе биде со пренасочен режим. Се повикуваат сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и на почитување на сообраќајната сигнализација за времен режим. Општина Кочани

УТРЕ (ПЕТОК)  11:00  ЧАСОТ  МКЦ – КОЧАНИ,  КОНСТИТУТИВНА  СЕДНИЦА  НА  НОВИОТ  СОСТАВ  НА  СОВЕТОТ  НА  ОПШТИНА  КОЧАНИ

УТРЕ (ПЕТОК) 11:00 ЧАСОТ МКЦ – КОЧАНИ, КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Претседателот на Советот од претходниот состав, Томе Солевски, за в петок, 12 ноември ја свикува првата конституивна седница на новиот состав на Советот, која ќе се одржи во салата на Мултикултурниот центар, со почеток од 11 ч. На предлог-дневниот ред се наоѓаат 14 точки: Верификација на мандатот на членовите на Советот на Општина Кочани. Избор…

ИЗВРШЕНО  ПРИМОПРЕДАВАЊЕТО  НА  ФУНКЦИЈАТА  ГРАДОНАЧАЛНИК

ИЗВРШЕНО ПРИМОПРЕДАВАЊЕТО НА ФУНКЦИЈАТА ГРАДОНАЧАЛНИК

Во присуство на медиумите од општината, денес по свеченото врачување на Уверенијата за новиот мандат на градоначалник и членовите на Советот на Општина Кочани беше извршено и примопредавањето на функцијата Градоначалник. Досегашниот градоначалник на Општина Кочани Николчо Илијев најпрвин му посака добредојде на Љупчо Папазов новиот Градоначалник на Општина Кочани, му го честиташе мандатот посакавувајќи…