Образование
РЕКОНСТРУКТИВНИ АКТИВНОСТИ ВО ДВЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА КОЧАНИ
Во тек се реконструктивни работни активности во две училишта во општина Кочани. Станува збор за реконструкција на кров и адаптација на тоалет за лица со посебни потреби во ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани и реконструкција на кров, фасада, адаптација на тоалет и изградба на пристапна рампа во ОУ „Никола Карев“ – Кочани. Деновиве беа одржани и…
ПРОМЕНА НА ПРОЗОРЦИ НА ТРИ ЈАВНИ ОБЈЕКТИ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ
Неодамна започна промената на прозорци на неколку јавни објекти во Општина Кочани. Станува збор за централната градинка „Павлина Велјанова“, Подрачното училиште „Никола Карев“ – с. Грдовци и Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ – Кочани. Во објектот на централната градинка „Павлина Велјанова“ изведбата е завршена, додека во останатите два објекта работата е во тек и треба…
НОВА ДОНАЦИЈА ОД КОМПАНИЈАТА „АНТУРА МК“, ДОНИРАНА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“
Компанијата „Антура МК“ не престанува со донациите кога се во прашање граѓаните на Кочани. Денес вработени од компанијата „Антура МК“ во рамките на својата општествената одговорност на ООУ „Никола Карев“ му донираа информатичка технологија. Донацијата која денес им беше врачена на вработените во ООУ „Никола Карев“ во Кочани се состои од 20 таблет – компјутери…
ВРАБОТЕНИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ ДЕЛ ОД ТАКТИЧКО-ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА СИМУЛАЦИЈА НА ПОЖАР
Територијалната противпожарна единица – Кочани, во соработка со Општинската организација на Црвен крст и СОУ „Љупчо Сантов“, денеска изведоа тактичко-показна вежба за справување со пожар. „Тактичко-показната вежба е активност во рамки на Годишната програма на училиштето, со која се изврши симулација и евакуација на учениците и вработените во СОУ „Љупчо Сантов“. На денешната вежба беше…
СО АПЛИКАЦИЈАТА „МЗАЕДНИЦА“ – МОЖНОСТ ЗА ДИГИТАЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА СТИПЕНДИИ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
До 29 ноември, сите редовни студенти од општина Кочани, запишани на државните универзитети можат да аплицираат за стипендија преку дигиталната интерактивна платформа „мЗаедница“. Целта е да се создадат услови младите, како баратели на стипендии и корисници на новите технологии, да можат што поедноставно и полесно да конкурираат за стипендии. По пристапот до „мЗаедница“, се оди…