Спорт

ВО ПРВАТА СЕДМИЦА ОД МЕСЕЦ ЈУЛИ „ОСОГОВО“ ЌЕ СТАРТУВА СО ПОДГОТОВКИТЕ
Како што дознаваме кочанскиот второлигаш „Осогово“ во првата седмица од месец Јули ќе ги започне подготовките за претстојното првенство во втората лига кое што треба да стартува на 10-ти Август. Според челните луѓе на „Осогово“ планирано е да се задржи составот кој настапуваше во пролетниот дел од првенството со најмалку три засилувања во сите линии…

ПЛАНИНСКА ВЕЛОСИПЕДСКА ТРКА „МАНДАНАТА 2024“
В недела, на 23 јуни, Клубот за планински спортови „Осоговски орел“ од Кочани ќе ја реализира првата планинска велосипедска тура „Манданата 2024“. Поаѓањето е од манастирот „Свети Илија“ во селото Бочвенец, во 9:30 ч. Од стартот ќе се вози кон селото Крушка, по сртот на Качаник и Д’лги Дол. Потоа патеката се спушта во Бела…

ПРОЛОНГИРАН РОКОТ ЗА ПРИЈАВИ НА ЕКИПИ ЗА „ПЕТРОВДЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР“
Општина Кочани, која и годинава го организира Петровденскиот турнир во мал фудбал, го продолжува рокот за пријавување учество на фудбалските екипи, до 24 јуни 2024 година. Екипите треба да уплатат котизација во износ од 2 000 денари на жиро-сметката на ОФС Кочани (210041087870107), да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети…

ЈОВАНА СТОЈАНОВА КАКО ЧЛЕН НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА У-15 НА РАЗВОЕН ТУРНИР ВО ЦРНА ГОРА
Добрите игри и квалитетот на нашата Јована Стојанова беше пресудно да биде дел од У-15 женската фудбалска репрезентација на Македонија, која моментално се наоѓа во Подгорица (Црна Гора) каде учествуваат на развоен турнир заедно со репрезентациите на домакинот Црна Гора , Хрватска и Босна и Херцеговина. Им посакаваме успех на нашата репрезентација на престојните натпревари….

ПРОЕКТОТ „СПОДЕЛУВАЊЕ ЗНАЕЊА ЗА ИГРАТА ШАХ“ ПРЕТСТАВЕН ПРЕД УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
Денеска ЈОУ Библиотека, ,Искра” го реализираше вториот дел од едукативната програма ,,Споделување знаење за играта шах” во соработка со Шаховскиот клуб ,,Кочани” Кочани, на која учесници беа учениците од IV одд.од ОУ,,Св.Кирил и Методиј ” Кочани, заедно со наставниците ментори Марина Петрова и Сузана Горгиева. Најмладите ги поздрави актуелниот претседател на ШК „Кочани“ Благоја Ситновски…

КПС ” ОСОГОВСКИ ОРЕЛ” ОРГАНИЗИРА ВЕЛОСИПЕДСКА ТУРА „МАНДАНАТА 2024“
Во соработка со Општина Кочани а по повод празнуваньето на празникот Петровден, КПС „Осоговски оењл“ од Кочани организира Велосипедска Тура “МАНДАНАТА 2024”. Пристигнување на учесниците на дестинацијата која е договорена за почеток на турата -манастирот Св. Илија во село Бочвeнец . Регистрирање на учесниците и подигнување на стартните броеви. Почетокот на турата е прeдвиден во…

ТРИ ДЕВОЈЧИЊА ОД ЖФК „КОЧАНИ“ СО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА У-15 НА РАЗВОЕН ТУРНИР ВО ЦРНА ГОРА
Во периодот од 07.06.2024 до 15.06.2024 година во Подгорица (Црна Гора) се одржува УЕФА развоен турнир (У-15) за девојчиња родени 2009 и 2010 год. Како резултат на добрите игри и прикажани резултати, селекторот на У-15 репрезентацијата на Македонија, Јовица Блажевски, од ЖФК „Кочани “-Кочани ги повика Нина Манасиева (2010),Лина Мицовска (2010) и Ванеса Давиткова (2010)….

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ПЕТРОВДЕНСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР
Во пресрет на петровденските празнувања, Општина Кочани и годинава го организира Петровденскиот турнир во мал фудбал, за што распиша јавен повик за фудбалските екипи, кои најдоцна до 17 јуни 2024 година треба да го пријават своето учество на турнирот. Екипите треба да уплатат котизација во износ од 2 000 денари на жиро-сметката на ОФС Кочани…

ДВЕ РАЗЛИЧНИ ПЛАНИНАРСКИ АКЦИИ РЕАЛИЗИРАА ЧЛЕНОВИТЕ НА ПСК „ОСОГОВО“ ОД КОЧАНИ
Недела 9 ти Јуни ПСК „Осогово“ од Кочани реализира две различни планинарски акции на две различни локации. Една на „Шар Планина“ на која се искачени врвовите „Церипашина“ 2437мнв, „Антени“ 2520, „Син Врв“ 2550, „Карабунср„ 2600, „Бскардан“ 2704 и „Титов Врв“ 2747 мнв и втората група на планината „Кораб“ со посета на „Корабски Водопад“ и искачување…

ДВАНАЕСЕТ МЕДАЛИ ЗА КГС „КОЧАНИ“ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ВО БИТОЛА
За време на викендот (сабота и неделата) во „градот на конзулите“ се одржа првиот државен натпревар А програма и Б програма во спортска гимнастика. КГС „Кочани“ настапи со 17 натпреварувачи и освои 12 медали. Б-ПРОГРАМА ЖЕНСКИ Деца до 7 г. Дариа Стојков 2. место; Постари пионерки Мелани Постолова 3. место; Млади јуниорки Бисера Лазарова 2….