Спорт

СО ГОЛ ОД ПЕНАЛ „ОСОГОВО“ СТИГНА ДО ПОСАКУВАНИТЕ БОДОВИ
Се играше 68’ кога домашниот играч Стојче Стојов влета во гостинскиот шеснаесетник каде Нуман Ајетовиќ го фаулираше по што судијата Кирил Смоквоски без размислување покажа на белата точка. Пеналот сигурно го изведе капитенот Тоше Манов кој гостинскиот голман Николче Симоновски го испрати ма левата страна а топката полувисоко заврши во десниот дел од мрежата. Заслужено…

ГФК „ОСОГОВО“ – ПОВИК ДО НАВИВАЧИТЕ
ГФК Осогово утре 30.03.2024 год.со почеток во 15.00 часот ке го одигра натпреварот од 22-то коло каде нашиот тим ке биде домакин на тимот на Новаци. Ве повикуваме во што поголем број да заедно навиваме за нашето Осогово ,со фер и коректно навивање да им дадеме мотивација на нашите фудбалери да повторно се вратат на…

ЕДИНАЕСЕТ МЕДАЛИ ЗА КОЧАНСКИТЕ ОСНОВЦИ НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ
Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а во соработка со Боречката Федерација на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Општина Кочани, Кочани денес во „градот на оризот“ се одржа „Државното првенство во борење за основните училишта во машка и женска конкуренција“. Гледачите кои добро ги исполнија трибината во спортската сала на…

КПС „ОСОГОВСКИ ОРЕЛ“ ЈА СТАРТУВАШЕ РЕКРЕАТИВНАТА ТРКА „ВРАНИНЦИ НА ЗАЈДИСОНЦЕ“
Клубот за планински спортови „Осоговски Орел“ од Кочани почна нова рекреативна трка под името „Sunset Trail Run“ односно „Вранинци на Зајдисонце“. Таа треба да стане традиционална и ќе се одржува на падините на Осоговските планини. Патеката на која ќе се трча е во должина од околу 12 км а висинската разлика е 550 метри. Старотот…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, БОДОВИТЕ ОСТАНУВААТ ВО КОЧАНИ
По една седмица пауза поради обврските на фудбалските репрезентации на Македонија во Сабота со почеток во 15:00 часот продолжуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига. На програмата е 22 коло со кое започнува на некој начин и разврската за опстанок во лигата и за тоа кои екипи ќе се пласираат еден ранг повисоко. Во сабота во…

КОЧАНИ ДОМАЌИН НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ ЗА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА
Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а во соработка со Боречката Федерација на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Општина Кочани, Кочани ќе биде домаќин на „Државното првенство во борење за основните училишта во машка и женска конкуренција“. Државното првенство ќе се одржи на 29-ти Март 2024 година (Петок) во салата…

ОДРЖАН ШАХОВСКИ ТУРНИР СО СЛЕПИ И СЛАБОВИДИ ЛИЦА
Во рамките на проектот: „Подобро општество за слепите лица во Кочани“спроведуван во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ) а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), кофинансиран од Општина Кочани, Здружение Еднакви за сите Кочани денес ја спроведе активноста шаховски турнир….

АЛЕКСАНДАР АНДОВ НОВ СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНСКАТА ЖЕНСКА А РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Како што објави ФФМ на нејзината страна, Александар Андов е назначен за селектор на Македонската женска А репрезентација. Андов доаѓа на местото на долгогодишниот селектор Кирил Изов чиј помошник беше изминатите години. Својот деби натпревар како селектор Андов ќе го има во новиот начин на квалификации за Европското првенство кои ќе се играат според моделот…

ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ТЕРЕНОТ И СОБЛЕКУВАЛНИТЕ НА СТАДИОНОТ „НИКОЛА МАНТОВ“ ВО КОЧАНИ
УО на ФФМ го усвои барањето на Општински Фудбалски Сојуз – Кочани поднесено на 26.06.2023 година и го внесе како дел од проектот за подобрување на фудбалската инфраструктура во државата. По тој повод Александар Андов – претседател на Општински Фудбалски Сојуз – Кочани денес одржа прес-конференција со медиумите во Општина Кочани на која даде образложение…

„БЕЛАСИЦА“ КАКО ДОМАЌИН МУ ОТКИНА ДВА БОДА НА „ОСОГОВО“ ВО СУДИСКОТО НАДОПОЛНУВАЊЕ
Се играше четвртата минута од судиското надополнување кога домаќинот „Беласица“ го изведе последниот напад по кој му откина два бода на Кочанскиот второлигаш. Капитенот на домаќините Александар Милушев ја нафрли топката од левата страна на неколку метри од голот на гостите, на неа натрча Христијан Чукарски и со глава го погоди левиот горен агол на…