Спорт

СТОЈЧЕ СТОЈОВ И ЕКРЕМ МЕМЕДИ ПОТПИШАА ЗА „ОСОГОВО“
Стојче Стојов и Екрем Мемеди засега се двајцата играчи кои во изминатите три дена му пристапија на Кочанскиот второлигаш. Стојов доаѓа од екипата на „Каменица Саса“ а боите на „Осогово“ ги бранеше во второлигашката сезона 2019/2020, додека пак Мемеди всушност се врати во „Осогово“ од екипата на „Башкими“ (Куманово) бидејќи последните настапи за кочанчани ги…

МАРКО СОКОЛОВ ГО НАПУШТИ „ОСОГОВО“ И ПОТПИША ЗА „КАМЕНИЦА САСА“
Централниот дефанзивец на „Осогово“ од Кочани Марко Соколов е нов играч на второлигашот „Каменица Саса“. Соколов го привлече вниманието на фудбалските стручњаци по одлично одиграната есенска сезона во „жолто-синиот“ дрес. Дознаваме дека преговорите со кочанскиот второлигаш не го дале посакуваниот резултат, па овој млад но доста надарен играч реши да замине во нова фудбалска средина….

МИРЧЕ НАТКОВ НА ТРЕНЕРСКАТА КЛУПА НА „ОСОГОВО“?
Некогашниот играч на „Осогово“ а подоцна и на „Силекс“од Кратово, Мирче Натков е еден од кандидатите да седне на тренерската клупа на „Осогово“. Натков би требало да биде првиот помошник на Шефот на Стручниот штаб Добринко Илиевски откако досегашниот негов прв асистент Даниел Гоцевски од оправдани причини го најавил своето заминување. Мирче Натков моментно ја…

ЛУКА ГЕОРГИЕВ ГО НАПУШТИ „ОСОГОВО“ И ПОТПИША ЗА “БРЕРА“
Како што јавува BRERASTRUMICA.COM од денес Лука Георгиев е нов член на Струмичкиот прволигаш. Есеноска Лука Георгиев ги бранеше боите на второлигашот од Кочани „Осогово“ но желбата да се настапува во повисок ранг од натпреварувањето беше причината тој да ги смени клупските бои. Во есенскиот дел од Првенството Георгиев со своите настапи го привлече вниманието…

ФУДБАЛЕРИТЕ НА „ОСОГОВО“ СТАРТУВАА СО ПОДГОТОВКИТЕ
Фудбалскиот Клуб „Осогово“ од Кочани ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во која според бодовното салдо грчевито ќе се бори за зачувување на второлигашкиот статус. Денес точно пладне на теренот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани истрчаа седумнаесет играчи со кои работеа тренерите Даниел Гоцевски и Јоже Јованов. Засега се знае дека тренинзите…

ШАХОТ ОД ДЕНЕС СЕ ВРАЌА ВО НОВОУРЕДЕНИ ПРОСТОРИИ
Од денес шахистите од Шаховскиот Клуб „Кочани“ – Кочани, и официјално се враќаат во старата база, во просториите на блок А во Градскиот Трговски Центар во Кочани. По тој повод новоизбраниот Претседател на ШК „Кочани“ Благој Ситновски одржа прес конференција на која ги запозна медиумите од општината со целта на возобновувањето на шаховскиот клуб. …

ПОВИК ЗА ИЗБОР НА СПОРТИСТ ЗА 2023 ГОДИНА
ПОВИК Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2023 година. На манифестацијата ќе се изберат: најдобар спортист за 2023 година (прво, второ и трето место); најдобар млад надежен спортист (прво, второ и трето место ; најдобра екипа; најдобар тренер; спортски работник. Право на учество во…

ВО ГОДИНА НА ГОЛЕМ ЈУБИЛЕЈ, „ОСОГОВО“ ВО ГРЧЕВИТА БОРБА ЗА ОПСТАНОК ВО ВТОРАТА ЛИГА
Во годината во која само што зачекоривме фудбалско Кочани слави голем јубилеј, „Еден век фудбал во Кочани“. За жал во годината на овој голем јубилеј Фудбалскиот Клуб „Осогово“ главниот носител на фудбалските збиднувања во „градот на оризот“ го очекува грчевита борба за опстанок. Освоените 12 бодови и 14-тото место на табелата не гарантираат мирен сон…

СЕМИНАР И ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ВО АИКИ ДЕМО, 20 МЕДАЛИ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА КРА „НИКО“ ОД КОЧАНИ
По повод 10 години од постоењето КРА „Нико“ од Кочани денес во спортската сала при ОУ „Никола Карев“ во Кочани организираше семинар во реално аикодо и Државен натпревар во аики демо. Најпрвин на програмата беше семинарот по кој што следуваше полагање за појаси за да на крајот се одржи и најавениот Државен натпревар. Гледачите кои…

УТРЕ (САБОТА) ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ВО АИКИ ДЕМО И СЕМИНАР ВО РЕАЛНО АИКИДО
Во организација на КРА „Нико“ од Кочани и АМФРА Македонија утре (Сабота) во салата на ОУ „Никола Карев“ во Кочани ќе се одржи Државен натпревар во аики демо и семинар во реално аикидо. Настаните се по повод 10 години постоење од КРА „Нико“ од Кочан, а почетокот е закажан за во 11:00 часот кога започнува…