Оштетени и искршени решетки за одвод е секојдневната слика на улицата „14 Бригада“ во Кочани.
„Ќе ги поправи ли некој решетките или да продолжиме да си ги оштетуваме возилата?“ е прашењето кое жителите од улицата преку фотографиите што ни ги испратија ги прашуваат надлежните во општината.
Самите фотографии покажуваат оштетеност на одводните решетки кои како што не информираат некои се подолг период оштетени а некои почнале да се оштетуваат од неодамна што упатува на прашањето до производителот за самиот квалитет на поставените решетки.
Решение мора да има и час поскоро да се реагира бидејќи секое оштетување на возилата е голем удар и за домашниот буџет на сопствениците на возилата.
С. Ивановски