Климент Филипов ученик во VI/3 одделение во ООУ „Никола Карев“ – Кочани ја освои првата награда на Државниот натпревар по предметот математика што се одржа во неделата во Скопје.
„Нашиот ученик Климент Филипов предводен од својот ментор Сашка Ефтимова на Државниот натпревар по математика кој се одржа на 14 мај оваа година во Скопје ја освои првата награда што претставува огромен успех за нас како училиште“ беше изјавата на в.д. директорот на ООУ „Никола Карев“ од Кочани Александар Андов.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ