КНИГАТА ПЛАНИНАРСКО-СКИЈАЧКО ДРУШТВО „ПОНИКВА“ – КОЧАНИ, ЈА ДОЖИВЕА СВОЈАТА ПРОМОЦИЈА

мај 11, 2023
1 min read

Во присуство на некогашни и сегашни членови на „Планинарското-спортско друштво „Пониква“, на Планинарските друштва „Осогово“ и „Москито“ од Кочани, како и во присуство на љубители на планинарењето, скијањето, и други заинтересирани граѓани вечерва во малата сала на „Мултикултурниот центар“ – Кочани, книгата Планинарско-скијачко друштво „Пониква“ –  Кочани ја доживеа својата промоција.

Книгата е дело на авторите Киро Герасимов (кој за жал не е повеќе меѓу нас) и м-р Љубинка Ајтовска. Книгата ја започнаа двајцата автори, но Ајтовска со интервјуа од оние планинари и скијачи кои Герасимов и ги имаше посочено мораше самата да ја заврши.

Самото дело е  составено од четири целини кои говорат за природно-географските карактеристики на Осоговските Планини; патеките и трасверзалите низ Осоговијата; туристичките потенцијали, и содржи и сеќавања на планинари, членови на ПСД „Пониква“ – Кочани.

Магдалена Кочовска-Салтирова која е модератор на книгата ги воведе присутните за она што е напишано во книгата, додека Сашко Стефановски еден од планираните со подолг стаж зборуваше за планинарите и за нивните доживувања.

На крајот м-р Љубинка Ајтовска еден од авторите на книгата имаше свое обраќање при што ја искористи приликата на сите оние кои со свои изјави и фотографии придонесоа нејзино печатење да им упати искрена благодарност.

Промоцијата на книгата се поклопува со годишнината од смртта на Киро Герасимов.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ