На 16.01.2023 полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Т.Р. од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“. Имено, во 00.40 часот во ОВР Кочани З.Ш.(60) од Кочани пријави дека на 15.01.2023 околу 22.10 часот пред продажен објект во Кочани, Т.Р. со употреба на сила ѝ одзел торба со мобилен телефон, пари и други предмети. Во координација со Основното јавно обвинителство Кочани, од страна на полициски службеници од ОВР Кочани осомничениот е веднаш пронајден, приведен и задржан во просториите на ОВР Кочани. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.
МВР Дневни билтени