По повод 8.Септември Ден на независноста на Македонија денес стартуваше 32. издание на „Мото Рели Македонија – независност 2023“.
Релите во кое учествуваат повеќе од 400 мотори ќе се вози во наредните три дена, стартуваше денес (Петок) во Скопје а истото според програмата завршува во (Недела) исто така во Скопје.
Првиот ден се вози на дестинацијата: Скопје – Куманово – Свети Николе – Кочани (пауза), – Виница – Берово (пауза), – Струмица (пауза) – Дојран (ноќевање и забава за учесниците).
Втор ден: Дојран – Гевгелија – Неготино – Кавадарци (пауза), – Прилеп – Битола (пауза), – Ресен – Галичица – Охрид (ноќевање со забава).
Трети ден: Охрид – Кичево (пауза), – Стража – Тетово – Скопје.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ