КОЈ ГО НАМЕСТИ „ОСОГОВО“ ДА ИГРА ВО МАЏАРИ?

мај 26, 2023
0 min read

Вчера се извлекоа двојките за трите бараж натпревари за влез во Втора Фудбалска Лига. Во бараж натпреварите се вклучени (замислете) петте прваци во петте региони и екипата на „Тетекс“ која на чуден начин се најде во баражот. Но тоа е минато и нема поправен дали и во другите земји прваците (кои цела година играле за тој пласман) играат бараж натпревари тоа е приказна за себе.

Сепак темна дамка се одредените градови каде ќе се играат бараж натпреварите.

Првиот предлог „Осогово“ – „Тетекс“ да се игра во Велес претставникот на „Осогово“ не го прифати бидејќи теренот во Велес е со вештачка треба а и Тетекс во Тетово тренирале на вештачка трева..И откако претставникот на ФФМ го прифаќа тој предлогот започнало шоуто. Со цел „Тетекс“ да игра што поблиску до Тетово почнуваат приказните дека  во Штип не можело да се игра бидејќи се менувала тревата на теренот, во Прилеп наводно бил затворен стадионот подолг период и теренот не бил спремен, во Кавадарци не можеле бидејќи теренот бил оштетен од бараж натпреварот за влез во Првата лига. На крајот од кочанчани било предложено да се игра во Битола, но тој предлог експресно бил одбиен бидејќи  „Чкембарите“ и „Војводите“ можеле да направат инцидент!

И на крајот од ФФМ како стадион за натпреварот го препорачува стадионот во Маџари. Тој стадион има само една трибина и може ли некој да замисли што би се случило доколку на иста трибина се најдат збратимените „Војводи“ и „Комити“ и навивачите на „Осогово“, популарните „Сејмени“.

Можеби од ФФМ при вчерашната жрепка требало отворено да кажат дека тие освен „Каменица Саса“ не сакаат уште еден тим од истокот. Сетете се како мистериозно „Тетекс“ влезе во доигрувањето а „Слога 1934“ испадна.

Но да почекаме до недела и ден подоцна кога ќе дознаеме кои пет од шесте екипи ќе бидат новите второлигаши.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ