КОЈ И ЗОШТО ОТСТРАНИЛ ДЕЛ ОД ЗАШТИТНАТА ОГРАДА НА ПАТОТ КОН „ПОНИКВА“

април 10, 2022
1 min read

Во текот на вчерашниот ден наш сограѓанин враќајќи се од Пониква не можел а да не го овековечи несекојдневниот настан. Имено на патниот правец „Кочани-Пониква“ на еден од поопасните свијоци некој извадил дел од заштитната ограда.

Сега на тој потег нема возилата што да ги штити па затоа се апелира до нив на повнимателно возење.

Кок и зошто ја отстранил заштитната ограда не знаеме, но во прилог на фотографиите добивме и слики од вила (барем така е напишано на патоказот“ која се наоѓа веднаш под отстранетиот дел од оградата.

Патот од Кочани кон Пониква се реновираше во 2019 година, се постави нов асфалтен стој, рабници а старата заштитна ограда беше заменета со нова, но без разлика на се сепак човекот е факторот што знае се да уништи.

Инаку овој пат е регионален и е под ингеренции на „Македонија пат“.

С. Ивановски