КОМУНАЛНИТЕ СЛУЖБИ РАБОТАТ ВО ГРАДСКИОТ ПАЗАР И НА ВЛЕЗОТ ВО ГРАДОТ КАЈ ПРОКАРКА

ноември 17, 2025
0 минути

Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ и службите од Општина Кочани денеска работеа на расчистување на дел од Градскиот пазар.

Активноста е со цел да се исчисти околината на јавниот тоалет од обраснатата вегетација и да се создадат оптимални услови за негова реконструкција.

Брза интервенција за поправка на лошата состојба во која се наоѓаат јавните тоалети во Градскиот пазар побара градоначалникот Владко Грозданов при неодамнешниот увид на функционирањето на пазарот во Кочани.

Комуналните служби ги уредуваа и зелените површини на влезот на градот откај Прокарка.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ