За време на викендот (Сабота и Недела),ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари.одржа два концерти, Саота во Зрновци и Недела традиционалниот 21. во Оризари.
„Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари поточно играорнитге групи од Оризари иЗрновци викендов одражa Новогодишни концерти. Во саботата концерт со играорната група во Зрновци се одржа во Домот на културата во Зрновци, а во неделата, 21-oт традиционален концерт во Домот на културата во Оризари. Во 2022 година Ансамблот имаше учество на 24-ри фестивали иманифестации во Македонија како што се во Оризари, Кочани, Зрновци, Виница, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево, Кратови, Радовиш, Василево, Охрид, Велес и други и со 59 настапи успешно го презентираше изворниот фолклор од Осоговијата. Ансамблот имаше учество и на 7 Меѓународни фолклорни фестивали во странство, во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Бугарија. На фестивалите во странство имаше 16 настапи. На петтиот меѓународен фолклорен фестивал „Џивџан Фест“ одржан во Врњачка Бања во Србија со учество на повеќе од 1600 фолклористи, Ансамблот доби награда за најдобра изворна кореографија за орото „Крстачка“. Исто така на тринаесетиот меѓународен фолклорен фестивал „Босилеградско Краиште Пева и Игра“ одржан во Босилеград, Србија, Ансамблот доби диплома за најубава изворна машка и женска носија. Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, по повод верскиот празник Ѓурѓовден, оваа година од 5-ти до 8-ми мај го одржи деветиот Меѓународен Фолклорен Фестивал „ТРАДИЦИОНАЛНИ ЃУРЃОВДЕНСКИ ОБИЧАИ, ПЕСНИ ИОРА“ ОРИЗАРИ, со фолклорни концерти во с. Видовиште, Зрновци, Оризари и во Зрновци и со над 700-ни учесници од Македонија,Црна Гора и Србија. Ансамблот во моментов брои над 180 членови. Во рамките на ансамблот има оркестар на изворни народни инструменти. Ансамблот активно соработуваше со локалната самоуправа на општина Кочани и општина Зрновци. Во оваа прилика сакам да истакнам дека Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари им ги честита Новогодишните и Божичните празници на сите жители на Македонија, со желби за добро здравје, среќа и берикет на сите“ соопшти Александар Тошев, Претседател на ФА „Љупчо Сантов од Оризари.
С. Ивановски