ПРОМОВИРАН ПРОЕКТОТ „ПОДВИЖНОСТ“ И УСЛУГАТА НА НЕГА ЦЕНТАРОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА

септември 23, 2022
1 минути

Денеска во просториите на Нега Центар – Кочани се промовираше проектот „Подвижност“ и услугата на Нега Центарот за стари лица.

Општина Кочани во партнерска соработка со општините Чешиново-Облешево и Зрновци е во фаза на реалзаиција на проект за воспоставување и испорака на социјални услуги за грижа и нега во домот на стари лица. Грантот е одобрен од страна на Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска Банка.

Во рамки на проектот е опремена општинска просторија за потребите на проектот, набавена е потребната техничка и теренска опрема, обучени се 16 негуватели на стари лица, лиценцирана е невладината организација Црвен Крст како провајдер за давање социјални услуги, обезбени се средства за исплата на плати на ангажираните негуватели, а набавено е и возило за покривање на потребите на проектот, особено имајќи ја во предвид големата територијаланта опфатеност на трите општини и опфат од над 50 населени места.

Давател на услугата во проектот е Црвен Крст – Кочани, а допринос во дефинирањето на услугата на корисниците дава Центарот за социјална работа – Кочани кој ги издава решенијата за услугата.

Општина  Кочани