КУП НА МАКДЕОНИЈА ЗА КАДЕТИ, ЈУНИОРИ И У-21, НАТАЛИЈА КАРОВА ОБЕЗБЕДИ ПЛЕЈ-ОФФ

септември 1, 2024
1 min read

Градот Охрид денес беше домаќин на „Купот на Македонија за кадети, јуниори и У-21“ на кој учествуваа речиси сите карате клубови од Македонија.

Екипата на карате Клуб „Кочани“ од Кочани настапи со тројца натпреварувачи.

Лука Ѓоргиев настапи во категоријата „кадети“ до 57 килограми и загуби во репасажот, односно во борба за третото место со што на крајот беше петто пласиран.

Во категоријата „У-21“ до 75 килограми настапи илија охомуш, но и тој како Ѓорѓиев загуби во репасажот во борба за третото место па на крајот беше петто пласиран.

Наталија карова настапи во категоријата „У-21“ до 50 килограми и го зазеде 3-тото место што беше доволно да обезбеди Плеј-офф кој ќе се одржи следната седмица.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ