ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ДВЕ ПОБЕДИ ЗА ДОМАЌИНИТЕ, ДВА НАТПРЕВАРА БЕЗ ПОБЕДНИК

Во Спорт
октомври 17, 2023
1 минути

Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од 5-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Од четирите натпревари, два завршија со победа на домаќините а на два немаше победник.

Екипата на „Малеш“ продолжи со добрите игри и резултати. Во Берово во еден интересен и неизвесен натпревар малешевци беа поуспешни и ја совладаа мошне добрата екипа на Карбинци. Победа забележаа и „рибарите“ во Дојран кои со минимален резултат ги совладаа „рударите“ од Пробиштип.

Во Виница се играше дерби натпреварот помеѓу домаќинот „Слога 1934“ и „Овче Поле3,  кој на крајот по многу возбудувања заврши мирољубиво, исто како и натпреварот во Пирава.

Резултати од 5-тото коло:

„Малеш“ – „Карбинци“  2:1

„Дојранско езеро“ – „Рудар“  1:0

„Слога 1934“ – „Овче Поле“  1:1

„Ударник“ – „Вардарски“  1:1

Слободна во ова коло беше екипата на „Тиверија“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ