ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ВО ПОСЕТА НА КОЧАНИ

јуни 8, 2023
1 min read

Претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски со дел од своите соработници престојуваше во работна посета на Кочани.

Со својот домаќина Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, пратеникот Миле Лефков и членови од потесното раководство на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани извршија увид на реализираните проекти и оние кои се во фаза на реализација а се под ингеренции на Локалната самоуправа.

Градоначалникот Папазов го запозна Мицкоски дека моментно се врши реконструкција на улицата „Браќа Ставреви“ на која се заменуваат рабниците, а и се работи на тротоарската површина за да во последната фаза следува гребење на асфалтната површина и поставување на нов асфалтен слој. Го информираше дека наскоро започнува реконструкцијата и на улиците „Гоце Делчев“ и „Борис Трајковски“ за што веќе се обезбедени 500 илјади евра од Светска Банка. Папазов во своето обраќање информираше дека село Тркање веќе доби терцијална канализациска мрежа во должина од 3 километри која го поврзува со Пречистителната станица во Мојанци.

Мицкоски обраќајќи се пред медиумите ја истакна големата пожртвуваност на локалната самоуправа во реализацијата на проектите при тоа упатувајќи критика до Владата која со своето однесување ги казнува граѓаните на општините во кои градоначалниците се од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата.

Папазов го информираше својот гостин дека е во фаза на започнување реализацијата на проектот на „Споменикот на слободата“, изградба на канализациона мрежа во Оризари како и поставување на фотоволтаична електроцентрала на кровот на Пречистителната станица за отпадни води со што и те како би се намалила потрошувачката на електрична енергија на КЈП „Водовод“.

На крајот од посетата Мицкоски со своите домаќини го посетија и ООУ „Никола Карев“ каде беше запознаен со реализацијата на неколкуте проекти.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ