Иако со големи амбиции екипата на „Осогово“ замина за Негорино, сепак со празни раце се врати по одигрувањето на шеснаесеттото, прво пролетно коло во Втора Фудбалска Лига. Кочанчани се на деваа дека со бод или три ќе се вратат од ова гостување но иако имаа две шанси на почетокот на натпреварот сепак не успеаја да ја затресат мрежата на домаќините кои пак во 45’ со голот на Давид Спасов ги освоија трите бода.
По овој пораз кочанчани останаа заковани на 14-тото место кое засега гарантира бараж, но „Борец“ по освоениот бод на жешкиот терен во Куманово се доближи на два бода негатива.
Во ова коло лидерот на табелата „Македонија ГП“ ги освои трите бодови во Охрид, додека „Брегалница“ и „Башкими“ по нерешените резултати дозволија „Аресими“ по победата против „Беласица“ во Струмица опасно да се доближи до втората позиција. „Детонит Плачковица“ ниту победи ниту загуби во Новаци, а победник немаше ниту на натпреварот „Каменица Саса“ – „Кожуф“. Последно пласираниот „Вардарски“ убедливо загуби на домашен терен од екипата на „Скопје“.
Резултати од 16-тото коло:
Вардар (Н) – Осогово 1:0
Вардарски – Скопје 0:3
Каменица Саса – Кожуф 1:1
Новаци – Детонит Плачковица 0:0
Победа – Брегалница 0:0
Башкими – Борец 1:1
Охрид – Македонија ГП 0:1
Беласица – Аресими 0:1
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ