ТРИДНЕВЕН БЕСПЛАТЕН „CODING BOOTCAMP“ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД КОЧАНИ

јули 18, 2022
1 минути

Локалниот младински Совет на Кочани се вклучи во поддршката на компанијата „Веником“ Кочани во организација на првиот бесплатен Coding Bootcamp – Кочани 2022, наменет за учениците од средните училишта од Кочани кои своето образование сакаат да го продолжат во ИТ индустријата.

Истиот беше одржан во текот на петокот, саботата и неделата во Мултикултурниот центар, кадешто средношколците се запознаа со професионалци од ИТ, маркетинг и ПР индустријата, кои преку практични примери им го доловија процесот на креирање на софтверски решенија и промоција на продукти, a воедно и ги мотивираа учениците да се обидат да станат идни програмери и основачи на ИТ компании.

Општина  Кочани