МОТО КЛУБ „STRONG RIDER“ ЈА ЗАВРШИ ТУРНЕЈАТА НИЗ ПРОСТОРИТЕ НА НЕКОГАШНА ЈУГОСЛАВИЈА

мај 29, 2024
1 min read

По шест дена и поминати околу 3.000 километри на двете тркала „седумте величествени“, членови на Мото Клуб „Strong Rider“ од Кочани се вратија во своите домови.

Турнејата ја започнаа минатиот четврток а прва дестинација им беше Будва (Црна Гора). Потоа следуваше Дубровник, островот Паг, Сплит, Мостар, Сараево, Белград.

„Патувањето го започнавме од Македонија продолживме со посета на Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија, поминавме за шест дена и повеќе од 2.800 километри  мошне пријатни доживувања низ простори кои дел од нас ги виделе порано но и подзаборавиле, а некои и за прв пат имаа можност да се сретнат со убавините на секоја од земја, на секој  град и секако да ги запознаат обичаите и традициите на тој народ’  беше првото што го изјавија по враќањето во Кочани.

Воодушевени од она што го остварија од мото клубот „Strong Rider“ изјавија дека овде нема да застанат туку ќе продолжат и понатака да организираат вакви турнеи но со патување и освојување на нови продори.

На крајот порачаа: „Голема благодарност до сите оние кои со свој прилог помогнаа да го оствариме она што го зацртавме. На мислење сме дека изминатите шест дена во кои остваривме средби и со мото клубови од повеќето држави достојно ја претставивме Македонија а и нашиот град Кочани“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ