„MUSIC ON“ – ГО ОДРЖА ЧЕТВРТИОТ ТРАДИЦИОНАЛЕН ЗАВРШЕН ЧАС

јуни 13, 2024
1 минути

Синоќа во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани 32 ученика од школа по гитара „Music On“ од Кочани и нивниот ментор Дејан Алексовски по четврти пат успешно се претставија пред љубителите на музиката, одржувајќи го „Завршниот час“, и оставајќи зад себе уште една успешно реализирана школска година.

Прекрасно изведените музички нумери од домашни и странски изведувачи ја разгалија публиката која се собра во салата на „Мултикултурниот центар“ во Кочани.

Интерпретацијата на познатите музички нумери кои учениците од „Music On“ на врвен начин ги изведоа не оставија ниту еден посетител рамнодушен за што сведочи и долготрајниот аплауз упатен по завршувањето на часот.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ