НА 10 ЈУЛИ ВО КОЧАНСКО – ВТОРО ПРСКАЊЕ ОД ЗЕМЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ

јули 8, 2024
0 min read

В среда, на 10 јули во вечерните часови (од 20 ч.), ќе се спроведе дезинсекциско третирање за заштита од комарци.

Во втората фаза од запрашувањето од земја ќе бидат опфатени 300 хектари во градот Кочани и во селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Третирањето ќе се изведува со воднорастворлив широкоспектарен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.

Доколку временските услови се неповолни (ветер, дожд) третирањето ќе се одложи за следниот поволен период.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ