НА 22 СЕПТЕМВРИ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ВЕЛОСИПЕДСКАТА ТРКА „ПО ПАТЕКАТА НА ОРИЗОТ“

септември 19, 2022
1 min read

По повод Меѓународниот ден без автомобили, в четврток, на 22 септември, Општина Кочани ќе ја организира велосипедската тура „По патеката на оризот“.

Годинава велосипедистите ќе возат на  релацијата: Кочани – Грдовци – Мојанци – Горни Подлог – Кочани. Поаѓањето е во 16 ч. од Градскиот плоштад.

Поддршка на одбележувањето на Меѓународниот ден без автомобили ќе даде Ротари клубот Кочани-Виница, кој за учесниците на велосипедската тура обезбеди рефлектирачки елеци, со што го свртува вниманието кон зголемена заштита и безбедност на велосипедистите во сообраќајот.

На велосипедската тура ќе учествуваат рекреативци, ученици, членови на спортски и велосипедски здруженија, а можат да се вклучат сите љубители на велосипедот како превозно и рекреативно средство. Турата ќе биде спроведена според протоколите за безбедност во сообраќајот од страна на Одделението за внатрешни работи – Кочани.

Со овој настан Општина Кочани се вклучува во одбележувањето на Европската недела на мобилност и го поттикнува користењето на превозни средства што не ја загадуваат животната средина.

Општина  Кочани