В петок, 6 септември, во 19 ч., во големата сала на Мултикултурниот центар во Кочани ќе биде промовирано делото „Мантов мечтаеше за фудбалот“ од авторите Ацо Стојановски и Љубинка Ајтовска.
Книгата е посветена на Никола Мантов, фудбалер на „Осогово“, кој на 1 јули 1973 година почина на фудбалскиот терен во Кочани, на натпреварот меѓу ФК „Осогово“ и „ФАС 11 Октомври“ – Скопје.
Делото содржи десет тематски целини посветени на Мантов, но и податоци и фотографии од последниот натпревар на „Осогово“ со „Пелистер“, одигран пролетва на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани, натпревар со кој се одбележа еден век фудбал во Кочани.
Рецензент на делото е Валентин Бобришев, спортски работник и тренер на „Осогово“ од времето на Мантов.
Модератор на промоцијата ќе биде Магдалена Кочовска-Салтирова.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ