НА ДЕТСКИОТ ПАРК ВЛЕЗОТ И ИЗЛЕЗОТ ДО САМАТА УЛИЦА „КЕЈ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

октомври 24, 2022
0 min read

Ниту знаеме дали проектантско биро или архитект поединец го проектирал детскиот парк на северната страна од НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани, но факт е дека според искусни архитекти истиот е со неколку пропусти.

За дрвената ограда која е зашилена веќе еднаш по изјава од искусен архитект – пензионер пишувавме, но сега се појави уште еден проблем кој под итно мора да биде отстранет.

Имено на источната страна на само два метри од фреквентната улица „Кеј на револуцијата“ има направено влез и излез на паркот, нешто што според стандардите било незамисливо. Дечињата некогаш знаат да се заиграат и без размислување да излезат надвор од оградениот простор и каде? право на улица што не е никако за прифаќање.

Затоа апелираат до оние кои имаат замислено како би изгледал паркот за дечињата веднаш да ги отстранат сите недостатоци пред тој да профункционира. На дрвената ограда  да и се заменат зашилените врвови со заоблени а на источната страна да се затвори влезот и излезот од паркот.

С. Ивановски