НА ПЕТРОВДЕН СИТЕ НА ПЛАНИНА – ЕТНОФЕСТИВАЛ ШТО ГИ ОБЕДИНУВА ВЛАСИТЕ ОД РЕГИОНОТ

јули 11, 2026
0 минути

Пониква и годинава ги прими Власите и почитувачите на нивната култура и традиција на 19. издание на влашкиот етнофестивал „На Петровден сите на планина“.

Во организација на влашката пејачка група „Грамостеањ“ од Скопје, а со поддршка од Општина Кочани, на настанот учествуваа домашни пејачки групи од Скопје, Крушево и Штип.

На отворањето на фестивалот, присутните учесници и гости ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, кој ја истакна важноста на негувањето на влашката традиција од пределот на Осоговските Планини, каде што во минатото постоеле повеќе влашки села.

Етнофестивалот „На Петровден сите на планина“ е содржина од програмата по повод  Петровден – празникот на Кочани што се реализира со средства од Буџетот на Општина Кочани.

Општиба  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ