Црвен крст на Р.С. Македонија – Општинска организација Кочани в четврток, на 21 август 2025 г. ќе ја реализира предвидената редовна крводарителска акција за месец август.
Акцијата ќе се спроведе во просториите на Црвениот крст на ул. „Тошо Арсов“ бр. 1 кај Градскиот плоштад од 08:30 до 14 ч.
Овој месец акцијата е поместена една седмица порано од редовниот термин и ќе се спроведе претпоследниот четврток во месецот, наместо последниот на 28 август, кога е неработен ден поради верскиот празник Голема Богородица.
Крводарител може да биде секоја здрава личност над 18 години. Тоа е доброволен, анонимен и бесплатен чин на хуманост. Пред секое крводарување се врши лекарски преглед преку кој ќе се провери здравјето на дарителот. Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
Црвен крст – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ