НАШ СОГРАЃАНИН ПОРАЧУВА: СРЕДЕТЕ СИ ГИ ШАХТИТЕ

јули 27, 2022
0 минути

„Средете си ги шахтите за да не се повредуваат луѓето кои како за сигурни ненамерно ќе стапнат на нив. Мене ова ми се случи дента по невремето пред зградата кај „Руен“. Е сега дали шахтата е малку подотворена поради невремето или лошо е наместена, не знам но знам дека се повредив и цела среќа што не минав со поголеми повреди“.

Ова го пишува наш сограѓанин чиј идентитет е познат на порталот.

Главната слика е од поодамна.

С. Ивановски