Не престануваат нападите на чопорот кучиња кај Градската депонија е информацијата која пред малку ја добивме.
Особено последните месеци се сẻ позачестени нападите на околу триесеттина кучиња кои ги напаѓаат и велосипедистите кои возат кон или од Пониква, сопствениците на овошните и лозовите насади и сите други минувачи.
Пред малку велосипедисти не контактираа и не замолија да ја објавиме оваа појава за да некој во блиска иднина не настрада. Како што ни рекоа додека возеле велосипеди групата кучиња почнале да трчаат кон нив па тие морале побрзо да возат на удолницата за да им избегаат. Кога ги прашавме зошто и фотографија не ни испратија нивниот коментар беше едноставен „Ние гледавме глава да спасиме а не пак да застанеме и да фотографираме“.
Велосипедистите го почувствувале стравот и време е некој да преземе нешто бидејќи денес беа нападнати велосипедисти кои благодарение на нивната умешност и брзина им побегнале на разбеснетите кучиња, но што би се случило кога овде би поминале обични љубители на природата.
С. Ивановски