Уште еден пораз за младата екипа на „Кочани“. Овој пат во рамките на 13-тото коло од Првата Фудбалска Лига за жени „Кочани“ гостуваше во Струга каде домаќинот „АС Јунајтед“ извојува сигурна победа од 7:0 (2:0).
Девојчињата на тренерот Оливер Јовановски додека имаа сили се држеа но заморот од долгото патување си го наплати данкот особено во второто полувреме.
Стружанки поведоа во 34’ преку Павловска а конечниот резултат од првиот дел го постави Мојсоска во 36’. Во вториот дел за домаќинките стрелаа Павловска 50’, Села 56’58’, Т.Далческа 61’ и Цоклеска 76’.
Резултати од 13-тото коло:
Ас Јунајтед – Кочани 7:0
Истатов – Брера Тиверија 1:0
Вардар – Каменица Саса 0:4
Љуботен – Топ Гол 5:1
Речица – Скопје 2014 0:2

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
