КОШАРКАРСКИ ТУРНИР ВО БАСКЕТ „3Х3“ НА 7-МИ И 8-МИ СЕПТЕМВРИ

Во Спорт
август 23, 2023
1 минути

Ние како Здружение на граѓани „Три Икс Три“ – Кочани по прв пат после долг период ќе организираме кошаркарски турнир во баскет „3х3“, со цел да ја подигнеме спортската свест и иницијативата кај младите луѓе како и дружбата кај граѓаните а најважно од се е турнирот да прерасне во традиционален.

Самиот настан ќе биде одржан во училишниот двор на ООУ„ Св. Кири и Метсодиј“ и СОУ „Љупчо Сантов“,  на 7-ми и 8-ми септември, денот на ослободувањето на Кочани и независноста на Република Северна Македонија.

За триете најуспешни екипи има обезбедено паричен фонд во вкупен износ од 60.000,00 денари од кои за прво место 30.000,00 денари, за второ место 20.000,00 денари и за трето место 10.000,00 денари.

Освен паричниот фонд ќе биде обезбедена и посебна награда за МВП, најкорисен играч на турнирот.

Котизацијата за учество на турнирот изнесува 2,000,00 денари од екипа а секој играч учесник на турнирот ќе добие соодветен пакет.

Покрај подигањето на спортскиот дух настанот ќе има и културно-уметнички карактер со што истиот ќе биде проследен со музика, а посетителите на турнирот ќе можат да уживаат во битовите на повеќе ДЈ артисти.

Настанот е поддржан од страна на Општина Кочани.

Контакти за пријавување: 078-638-838  и  077-892-503

Линк за пријавување: https://3x3tournament-bay.vercel.app/

Ве очекуваме

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ