Иако помина една седмица од исклучувањето од мрежата за напојување со електрична енергија од КЈП „Водовод“ без коментар. Никој нема храброст да излезе и јавно на граѓаните да им ја соопшти вистината
Од комуналното претпријатие се надеваа дека ќе постигнат договор со „Енерџи Деливери Солушнс“ (ЕДС) за одложено плаќање на долгот но и таа варијанта пропадна, па сега сакале или не КЈП „Водовод“ мора да изнајде начин и долгот одеднаш да се плати, а тој не е мал Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов веќе изјави дека според нивните пресметки само за последните три месеци долгот изнесува околу 50.000.000,00 денари.
Како и поголемиот број на претпријатија кои кога вработуваат никого не прашуваат а кога треба да се плаќа долгот бараат помош од највисоките органи во државата така и од „Водовод“ се надеваат дека некој сепак ќе им помогне.
И додека надежта сеуште постои и понатака управната зграда и другите објекти што беа исклучени пред една седмица се без струја.
За Сабота е закажана редовна седница на Советот на Општина Кочани, на која како што дознаваме советникот Венко Крстевски ќе предложи да се прогласи мораториум за идни вработувања во КЈП „Водовод“.
Седницата е за два дена, да почекаме.
С. Ивановски