По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, денес во библиотека „Искра – Кочани„ се одржа работилница со наслов „Мајчиниот јазик – мост помеѓу мене и тебе“.
На работилницата која ја отвори директорот на ЈОУ Библиотека „Искра“, Кристина Атанасова Горгиева учествуваа ученици од основните училишта во Кочани кои рецитираа, пееја, твореа на македонски, влашки, турски и бошњачки јазик, односно на својот мајчин јазик.
За време на работилницата учениците освен што меѓусебно се запознаа преку нивниот јазик, се запознаа и преку народната култура и творештво.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ