ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ПЧЕЛАТА

мај 20, 2025
0 минути

По повод Меѓународниот ден на пчелата, денес пчеларското здружение „Матица“ од Кочани го одбележа денот во Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани. Настанот беше посетен од в. д. градоначалникот Венко Крстевски кој истакна дека Општината и во иднина ќе ја дава поддршката на настани од ваков вид.

Настанот преку ликовни и литературни творби на ученици имаше за цел потикнување на свеста на најмладите генерации за значењето на пчелите како главни опрашувачи во природата, како и природните богатства на медот.

На изложбата беа истакнати ликовни и литературни дела од ученици од основните кочански училишта и беа наградени најдобрите литературни творби на учениците Катерина Стоилова, Дарија Иванова, Стефан Коцев и ликовните творби на учениците Андреа Андоновска, Матеја Мицова и Милена Постолова, а за сите останати учесници беа доделени благодарници.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ