Денеска беше одбележана 117-годишнината од смртта на големиот револуционер Никола Карев.
По тој повод, градоначалникот на Општина Кочани со претставници од Oпштината и Советот на Општина Кочани, вработени во ОУ „Никола Карев“, претставници од Сојузот на здружението на борците и пратеникот Миле Лефков положија свежо цвеќе на споменикот на Никола Карев на влезот во селото Тркање и на споменикот во Паркот на Револуцијата.
Во спомен-паркот во Свиланово, во близината на селото Рајчани свежо цвеќе заедно со градоначалникот на Општина Кочани положија и градоначалниците на општините Виница и Чешиново-Облешево. Почит на загинатиот револуционер му оддадоа и извидниците од извидничкиот одред „Ластовица“.
Во склоп на денешниот ден учениците на ОУ „Никола Карев“ – Кочани со кратка, но убава програма го одбележаа денот и во училишниот двор.