Во организација на Џудо Федерацијата на Република Северна Македонија (ЏФРСМ) за време на викендот се одржа џудо семинар под мотото „Подобри го својот клуб“.
На семинарот меѓу големиот број тренери – претставници од џудо клубовите во Македонија, Џудо Клубот „Гладијатор“ партиципираше со двајца свои претставника кои по неговото завршување се стекнаа со дипломата „Тренер од меѓународен карактер“.
Европските џудо експерти, Фредерик Демонтфакон носите 7 ДАН и Џен Бриџ – носител 8 ДАН кој воедно е и потпретседател на Европската Џудо Унија (ЕЏУ) беа предавачи на семинарот.
С. Ивановски