Почитувани медиуми ,
Би сакале да ве известиме дека денес 27.10.2023год. во Хотел АМОР во Кочани ОУ,,Св.Кирил и Методиј“ од Кочани во соработка со проект партнерот Локална акциона група (ЛАГ) Кочани, одржаа „Дисеминациски настан“ за проектот од образовната ЕРАЗМУС+ програма со наслов: „Заштеда за отпад“ , акроним SAVE 4 WASTE, што се спроведуваше во текот на изминатите две години.
Целта на овој проект беше да се воспостави модел на настава „Учење преку правење/изработување“, фокусирајќи се на подигање на свеста за управување со отпад и поттикнување транснационална соработка.
Држави учеснички во спроведувањето на овој проект беа Република Бугарија, преку градот Пазарџик и Република Грција, преку градот Лариса.
Директно инволвирани во спроведувањето на проектот беа основно училиште „Професор Иван Батаклиев“ од град Пазарџик , Р.Бугарија и основно училиште „90ТА гимназија“ од градот Лариса,Р.Грција , НВО Центар за одржливост и економски развој од Пазрџик, Р.Бугарија и НВО „Алтернативен иновативен развој“ од Лариса, Р.Грција.
Од Кочани, проектен партнер за реализација на овој проект беше НВО Локална акциона група-Кочани.
Со почит
Даниел Кралев
Директор на ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ